
Фудбалската федерација на Германија реши да му понуди нов договор на селекторот Џулијан Нагелсман. Како што е познато, договорот на стратегот истекува веднаш по завршувањето на ЕВРО 2024 година.
Според информациите на „Билд“, понудата до Нагелсман ќе биде дадена по Велигден, кога тој ќе се сретне со претставници на федерацијата.
Куриозитет е што неговиот потенцијален нов договор може да има повеќе од интересна клаузула. Тоа значи дека неговиот договор би можел предвреме да биде раскинат доколку Германија повторно испадне во групната фаза на некој голем турнир.
Германците ќе го играат Европското првенство на домашно тло и се во група со Шкотска, Швајцарија и со Унгарија.
На средбата ќе се разговара за дополнителни детали, прецизира „Билд“. Нагелсман сѐ уште е неодлучен, но изгледите да ја води репрезентацијата на Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико секако го привлекуваат.
Германската федерација е охрабрена од добриот настап на репрезентацијата и двете победи над Франција и над Холандија во пријателските натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Удинезе го шокираше Интер во Милано (ВИДЕО)

Втора лига
Беласица ја доби голеадата против Скопје

Интернационалци
Елмас е во Неапол, следи потпис за Наполи (ВИДЕО)
