Црно и жолто се прелева низ улиците на Лондон. Ако се суди според дуелот на навивачите во пресрет на финалето на „Вембли“, тогаш Борусија Дортмунд засега е во предност. Преку 150.000 фанови на германскиот тим пристигнаа во Лондон со намера да ја почувствуваат атмосферата и да бидат дел од финалната пресметка за најпосакуваниот европски пехар.
За сите нив, се разбира, ќе нема место на трибините, но ќе создадат френетична атмосфера во околните пабови.
Borussia Dortmund fans in London.pic.twitter.com/55tHSa0B13
— ikonik (@IkonikFCB) June 1, 2024
Реал Мадрид е во трка за 15. европска круна, додека Борусија Дортмунд има само една и само трипати била дел од европско финале. За „кралевите“ е тоа веќе рутина, со оглед дека дури 18. пат се во последната битка за пехарот.
Зинедин Зидан ќе го изнесе пехарот на Лигата на шампионите на „Вембли“ и ќе го постави на планираното место, да го гледаат сите и да се обидат да го освојат низ „пеколниот“ дуел на теренот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













