
Фудбалската федерација на Германија (ДФБ) беше принудена да ги исклучи коментарите на социјалните мрежи по серијата расистички коментари упатени кон нејзините играчи. По победата на младата германска репрезентација против САД (3-2) во осминафиналето на Светското првенство до 17 години, ДФБ мораше да го затвори просторот за коментари на социјалните мрежи поради низата расистички коментари против тимот.
По натпреварот, ДФБ објави фотографија на која четворицата германски играчи Чарлс Херман, Алмугер Кабар, Парис Брунер и Фајсал Харчауи ја слават победата. Но, наскоро почнаа да се трупаат бројни расистички коментари за нивната боја на кожа.
„Горди сме на различноста меѓу нашите млади играчи. Заложбата за различноста е цврсто вкоренета во статутите на федерацијата, како и во вредностите на толеранција и почит. Ако не ги споделувате овие вредности, престанете да нѐ следите“, соопшти ДФБ, најавувајќи и правна постапка.
Поранешниот германски репрезентативец Џером Боатенг, кој и самиот беше жртва на расистички коментари, беше згрозен од нападите врз младите играчи.
„Дали ова некогаш ќе престане? Жал ми е за играчите затоа што тие треба да се справат со вакви проблеми уште на млади години. Ова е трагедија за Германија и за општеството“, изјави селекторот Кристијан Вик.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Барселона ќе го суспендира Тер Штеген?
