Четворица германски тренери се предводници на половина од осумте екипи кои се пласираа во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Ова се случува за првпат во историјата. Ханси Флик го предводи европскиот и светски клупски првак Баерн Минхен, Јирген Клоп е на чело на Ливерпул, Томас Тухел го препороди Челси, а Един Терзиќ е шеф на стручниот штаб на Борусија Дортмунд.
За разлика од германската тренерска „инвазија“, ЛШ остана без италијански екипи. По шести пат во историјата на елитното фудбалско натпреварување и првпат од сезоната 2015/16, италијанските тимови не се пласираа во четвртфиналето на турнирот.
Аталанта загуби од Реал Мадрид, Лацио загуби од Баерн Минхен, додека Јувентус не успеа да го мине Порто. Минатата сезона Аталанта успеа да се пласира во четвртфиналето.
Оваа сезона пласман помеѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите изборија Челси, Манчестер Сити и Ливерпул (Англија), Баерн Минхен и Борусија Дортмунд (Германија), Реал Мадрид (Шпанија), ПСЖ (Франција) и Порто (Португалија).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













