Connect with us

Германската федерација во заштита на фудбалерите кои беа нарекувани „мајмуни“

Расизмот и дискриминацијата нема да го поразат германскиот народ, се вели во официјалното соопштение на Фудбалската федерација на Германија (ДФБ) по уште еден скандал. Овој пат цел беа младинските репрезентативци Јусуфа Мукоко и Џесик Нганкам.


Инцидентот се случи по ремито 1-1 против Израел на Европското првенство за играчи до 21 година во Романија и Грузија.


Двајцата црномурести играчи промашија по еден пенал, поради што „маншафт“ не победи. Ова доведе до голем број расистички навреди упатени кон нив на социјалните мрежи. Според зборовите на двајцата, тие биле навредувани како „мајмуни“.


„На оние кои даваа дискриминаторски, навредливи и нехумани коментари кон фудбалерите, сакаме да ви кажеме – ни се гадите. Вие не сте навивачи. Не ни требате и не ве сакаме. Никогаш нема да победите. Ние сме сѐ повеќе, ние сме отворени, отворени сме за сите и горди на тоа. Ќе направиме сѐ што е во наша моќ виновниците да се изведат пред лицето на правдата, пишува ДФБ.


Фудбалерите се пожалија дека добиле огромен број навредливи коментари и биле нарекувани „мајмуни“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови