Connect with us

Германија во жалост: Почина легендарниот Герд Милер

Легендарниот напаѓач на Баерн Минхен и на германската репрезентација, Герд Милер, почина денес на 75-годишна возраст, соопшти прес -службата на баварскиот гигант. Милер во последните години страдаше од Алцхајмерова болест.

Герд Милер беше светски и европски шампион, трикратен победник на Купот на европските шампиони, четирикратен првак и победник на Купот на Германија.

Милер ќе остане запаметен како најдобар стрелец во историјата на Баерн и Бундес – лигата. Има постигнато 566 гола на 607 настапи за Баерн Минхен, како и 68 голови во 62 репрезентативни натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови