Германија би можела да има шест претставници во следната сезона од Лигата на шампионите, потврди УЕФА. Во историјата на елитното клупско фудбалско натпреварување не се случило една земја да има шест претставници.
Таков расплет би се случил доколку Борусија Дортмунд го освои годинашното издание на Лигата на шампионите, без да биде меѓу четирите најдобри екипи во Бундес-лигата и доколку Германија добие едно од двете дополнителни места кои ќе ги добијат најуспешните земји во рангирањето на УЕФА.
Борусија Дортмунд го елиминира Атлетико Мадрид и влезе во полуфиналето на Лигата на шампионите, а за пласман во финалето ќе се бори против Пари Сен Жермен. Тимот од Дортмунд моментално е на петтото место во Бундес-лигата, но има идентичен број бодови (56 бода) со четвртопласираниот Лајпциг.
Во следната сезона Лигата на шампионите ќе биде проширена на 36 клуба, од сегашните 32 во првиот дел од натпреварувањето, па двете најуспешни нации ќе добијат две дополнителни места.
Во подобрувањето на германскиот коефициент може да помогне и Баерн Минхен, доколку го елиминира Арсенал и се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите, како и новиот германски шампион Баер Леверкузен, кој се бори за пласман во полуфиналето на Лигата на Европа против англискиот премиерлигаш Вест Хем.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal