Connect with us

Герет Бејл му донесе титула на Лос Анџелес (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Велс, Герет Бејл, беше стрелец на клучниот гол во судиското продолжение од финалето на плеј-офот за шампион во американската МЛС лига. Неговиот Лос Анџелес за првпат стана првак, победувајќи во финалето против Филаделфија на пенали.


Се чинеше момците од Лос Анџелес влегоа во безизлезна ситуација, но на крајот се појави – Герет Бејл.

По 90 минути натпреварот заврши со резултат 2-2, но во 116. минута Лос Анџелес остана со играч помалку и прими гол. Сепак, во 128. минута се појави Герет Бејл.

Некогаш најскапиот фудбалер на светот постигна гол со глава за 3-3 и огромно славје за својот тим.

По тој гол фудбалерите на Филаделфија беа во шок, толку што никој од нив не реализираше пенал при изведувањето удари од белата точка со кои се решаваше шампионската титула.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови