
Струга Трим Лум ја одбрани шампионската титула откако славеше во големото дерби во Тетово против Шкендија со 0-2. Тоа беше втор меч за Меритон Гега како кормилар на тимот и втор триумф, кој силно одекна и донесе нов трофеј.
Сепак, тој најголемите заслуги секако им ги припишува на главните актери, фудбалерите, а него заборави и Шпетим Дуро кого го наследи на клупата на стружани.
„Прво сакам да им се заблагодарам на играчите за одличниот натпревар кој го одиграа, беа перфектни во задачите што им ги дадовме. Секако, дека шамионскиот трофеј не е моја заслуга само за овие два натпревари, не треба да го заборавиме и професорот Шпетим Дуро, кој долго време беше со нас. Сакам од се срце да им се заблагодарам за аплаузите на крајот од натпреварот, на навивачите на Шкендија. Можам да кажам дека беше тоа еден квалитетен натпревар и од двете екипи, а ние победивме благодарение на головите кои ги постигнаа Бесарт и Марјан. Имав голема верба во играчите и тие се најзаслужни за оваа голема победа“, изјави Меритон Гега.
Струга ТЛ во последното коло ќе го пречека Шкупи на домашен терен и ќе ја прослави новата шампионска титула.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal