
Кинескиот мнозински сопственик на Интер, Стивен Жанг, на официјалниот сајт на клубот ги демантираше шпекулациите дека размислува за продажба на италијанскиот калчолигаш. Медиумите на Апенините најавуваат дека поради глобалната финансиска криза, младиот сопственик одлучил да го стави Интер на продажба.
Сепак, оваа вест е демантирана од раководството на „нероаѕурите“, а на „Џузепе Меаца“ тврдат дека ова е подметнување од ривалите кои сакаат да го дестабилизираат клубот и да го ослабнат во трката за шампионската титула.
Интер во моментот се наоѓа на втората позиција на табелата во Серија А со еден бод негатива во однос на лидерот и градски ривал, Милан. Утре, во првиот предизвик во 2021 година, Интер на домашен терен го пречекува Кротоне.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике

Евро-фудбал
Спалети пред отказ по дебаклот против Норвешка
