Хајдук Сплит и покрај големите кадровски проблеми успеа да го победи Динамо Загреб (0-1) во дербито на „Максимир“. По триумфот, тренерот Џенаро Гатузо изјави дека победата му ја посветува на сменетиот спортски директор Никола Калиниќ, за кого вели дека е голем „хајдуковец“.
„Ова е важна победа. Немаше никакви проблеми при подготовката на тимот за натпреварот, момците одлично тренираа и ја заслужија оваа победа. Кога ме ангажираше, Никола Калиниќ ми рече дека Хајдук е религија, дека го следат милион навивачи и поради Калиниќ сум тука. Оваа победа му ја посветувам нему, имаше голема кариера, голем е „хајдуковец“ и за него може да се каже сѐ, освен дека е – лажго! Имам 400 натпревари зад себе во големи клубови, имам искуство и почувствував дека играчите ми го дадоа своето срце, и нема да ги разочарам, нема да заминам. Кога работат вака и се трудат, би се чувствувал како лош човек ако ги напуштам! Ако го почувствувам тоа, тогаш повеќе би сакал да шетам кучиња отколку да правам нешто што не го сакам“, изјави Гатузо.
„Победивме, ги почитуваме нашите навивачи, тие нѐ поддржуваат. Целта ми е да го насочам овој брод во вистинската насока. Јас сум тренер, тоа е мојата работа, сакам да подобрам некои работи. Не сакам да наметнувам големи цели, туку со труд и работа да подобриме нешто, па ќе видиме до каде ќе стигнеме. Знаеме кој е нашиот претседател и која е нашата управа, го почитуваме буџетот што го имаме. Не сакам војна, секој мора да си ја работи својата работа – тренерот, играчите, претседателот и управата, за да не ја трошиме енергијата на расправии и кавги. Секој мора да си ја работи својата работа. И тоа е единствениот правилен начин. Не се плашам од отказ, се плашам само од смртта. Го сакам животот, ја сакам оваа работа што ме исполнува. А можам и без неа, заработив доволно за живот. Не, не стравувам од отказ“, порача италијанскиот стратег кој е на кормилото на Хајдук.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski