Connect with us

Гатузо: Ова беше најлудиот натпревар во мојата тренерска кариера

Селекторот на Италија, Џенаро Гатузо, го оцени триумфот на „аѕурите“ над Израел со 5-4 во светските квалификации како „најлудиот натпревар“ во својата тренерска кариера. И покрај победата, Гатузо изрази загриженост поради леснотијата со која неговиот тим прима голови.

По убедливото деби против Естонија (5-0), очекувањата беа високи, но Израел се покажа како сериозен противник. Домаќините двапати поведоа, а Италија мораше да го врти резултатот. Два гола постигна Мојсе Кин, а Матео Политано и Сандро Тонали додадоа по еден за драматичната победа.

„Ова беше вистинско лудило. Бевме премногу наивни, постојано тргнувавме во напад, а Израел тоа го искористи со противнапади. Можевме да се браниме подлабоко кога водевме“, изјави исцрпениот Гатузо.

Селекторот посочи дека италијанскиот тим постигнал 10 гола во првите два натпревари, но примил четири.


„Ние сме луд тим затоа што сме премногу наивни и примаме смешни голови премногу лесно. Играчите го знаат тоа, но тоа е мој проблем, не нивен. Мораме да работиме на развојот на сопствен стил“, додаде Гатузо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови