Наполи извлече реми (1-1) против Торино на стадионот „Диего Марадона“, а тренерот Џенаро Гатузо по натпреварот се осврна и на својата болест. Тој боледува од автоимуна болест, миастенија, која му прави проблеми на десното око. Поради болеста, мускулите кои го контролираат окото ја губат силата и окото на Гатузо е речиси комплетно затворено.
„Ниту на момците во соблекувалната не им е убаво да ме гледаат ваков, го знам тоа. Боледувам од миастенија веќе десет години, ова е третпат да се појавува и сега е баш непријатно. Но, ќе помине и се ќе се врати во нормала Морам да кажам и дека е многу напорен период и за мене и за фудбалерите. Поради болеста сум исцрпен, 24 часа гледам двојно. И мора сите да си велат, зошто будалава не остане дома да се излечи? Но, ако треба да се умира – нека биде тоа на фудбалскиот терен. Соиграчите порано ме нарекуваа „носорог“, затоа што секогаш сакав да одам со главата низ ѕид“, изјави Џенаро Гатузо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













