
Поранешниот тренер на Милан, Џенаро Гатузо, е веројатниот нов тренер на Џенова. Клубот се раздели со Андриј Шевченко кој не успеа да внесе позитивни промени на резултатски план, а раководството се надева дека цврстиот Гатузо би бил добро решение.
Тој во својата кариера водеше клубови како Милан и Наполи, а моментно е без ангажман откако ги напушти „наполитанците“ во летото 2021 година. Џенаро Гатузо после Елиф Елмас би можел да стане нов тренер и на Горан Пандев во Серија А.
Фаворитот за тренерската позиција, Германецот Бруно Лабадија, во последен момент се откажа од намерата да се пресели во Италија. За клупата на Џенова е заинтересиран и поранешниот тренер на Торино, Давиде Никола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
