
Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, го прокоментира поразот од 2-3 против Реал Мадрид на домашен терен во Лигата на шампионите.
„Секако, сега сме разочарани, но од вакви дуели можеме многу да научиме. Ни недостигаат ситни детали, но игравме храбро против еден голем тим. Загубивме, но не заостанувавме во играта, што ќе ни помогне да направиме уште еден мал чекор напред“, изјави тренерот на Аталанта.
Искусниот стратег смета дека ваквите порази му помагаат на тимот да се развива.
„Покажавме многу добри работи. Тоа не мотивира да продолжиме да се развиваме. Во некои моменти малку побавно ја пренесувавме топката во половината на противникот, па Реал Мадрид брзо се поставуваше во одбрана. Жал ми е што нашата долга серија на победи заврши. Знаевме дека можеме да израмниме. Да, тажни сме што не успеавме, но беше вистински фудбалски празник, што е една од нашите главни цели“, додаде Гасперини.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер со пресврт до триумф против Урава редс

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Интернационалци
Езгјан Алиоски потпиша за Лугано

Интернационалци
Адеми со креативно видео претставен во Ујпешт

Евро-фудбал
Наполи ќе се засили со Вања Милинковиќ-Савиќ

Интернационалци
Мајорка е заинтересирана за Столе Димитриевски

Интернационалци
Аријан Адеми потпиша за Ујпешт
