Тренерот на Наполи, Руди Гарсија, ги сподели своите очекувања за мечот против Унион Берлин во Лигата на шампионите. Тој изјави дека за натпревар од ваков ранг тренерот нема потреба да ги мотивира своите играчи бидејќи тие се целосно свесни колку е важен секој меч.
Тренерот на Наполи се надева дека неговиот тим ќе ја напушти германската престолнина со победа и ќе ги надомести загубените бодови од претходниот натпревар против Реал Мадрид.
„Мислам дека сме подготвени. Кога се во прашање натпреварите од Лигата на шампионите, тренерот не мора да ги мотивира своите играчи. Тоа е големо натпреварување и неверојатно е да се биде дел од него. Почнавме добро со победа во Брага и одигравме одличен натпревар против Реал Мадрид, иако загубивме. Целта сега е да ги собереме бодовите што ги загубивме против Мадрид. Немам многу дилеми околу составот, важно е сите да се чувствуваат добро“, изјави Гарсија.
Тој го коментираше и променливите настапи на италијанскиот шампион од почетокот на сезоната.
„Оценките мора да бидат избалансирани. Ние не правиме сè како што треба, но не правиме и сè погрешно. Нашата цел е да победиме на секој нареден меч. Мора да го почитуваме Унион бидејќи тие заслужуваат да играат во Лигата на шампионите“, додаде Французинот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Волфсбург го отпушти тренерот
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













