Селекцијата на Гана стана петтата африканска репрезентација што обезбеди пласман на Светското првенство во фудбал 2026 година, по победата со 1:0 над Коморските Острови. Единствениот погодок го постигна Мохамед Кудус во второто полувреме.
По триумфот во Акра, „Црните ѕвезди“ собраа вкупно 25 поени од 10 натпревари во групата, оставајќи го второпласираниот Мадагаскар зад себе со шест поени помалку. Мадагаскар мораше да победи против Мали за да ги задржи шансите за првото место, но загуби со 1:4 во Бамако.
Пред Гана, своето место на Мундијалот 2026 веќе го обезбедија селекциите на Алжир, Египет, Мароко и Тунис.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













