Connect with us

Галтие ќе го преземе кормилото на Наполи?

Францускиот стратег Кристоф Галтие е нов фаворит за тренерската функција на италијанскиот шампион Наполи.


Наполи е во потрага по нов тренер по разделбата со Лучијано Спалети, а Галтие е нов „пик“ на контроверзниот претседател Аурелио де Лаурентис. Тој преговараше со голем број стручњаци, но засега ниеден не ја доби неговата доверба да биде наследник на Спалети.

Кристоф Галтие се поврзува и со Олимпик Марсеј, кој исто така е во потрага по тренер по заминувањето на Игор Тудор.

Галтие минатата сезона го предводеше Пари Сен Жермен до титулата во Франција, но парижаните имаат намера да го раскинат договорот со 55-годишниот стратег.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови