Галатасарај и официјално го објави потписот на Виктор Осимен од Наполи. Нигерискиот напаѓач е на позајмица во турскиот гигант до крајот на сезоната.
Во договорот меѓу двата клуба нема опција за негово трајно купување, а Галатасарај ќе ја покрие платата на играчот.
Важен детал е што во договорот на Осимен има нова, многу помала ослободителна клаузула – 75 милиони евра. Така, 25-годишниот Нигериец многу полесно ќе може да направи трансфер во посилен тим.
Преселбата на Осимен во гигантот од Истанбул дојде по долгата трансферна сага со Нигериецот, кој летото беше поврзуван со голем број европски гиганти.
Неговата неподготвеност да остане во Наполи, исто така, доведе до несогласување со раководството на клубот, при што јасно му беше ставено до знаење дека нема да се потпира на него. Сепак, на крајот, во последниот ден од летниот преоден рок остана со опции како Челси и саудискиот Ал-Ахли, но двата клуба не успеаја да го реализираат трансферот на Нигериецот. Така дојде до преселбата на Осимен во Галатасарај.
🦁 @victorosimhen9, Türkiye'nin en büyüğünde! 💛❤️#WelcomeToGalaOsimhen pic.twitter.com/qkaOHqJJNd
— Galatasaray SK (@GalatasaraySK) September 4, 2024
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski