Connect with us

Гакпо ќе дебитира за Ливерпул на 7 јануари

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека Коди Гакпо е млад играч со многу голем потенцијал. Тој потпиша договор со Ливерпул во трансфер вреден 40 милиони фунти.


Холандскиот репрезентативец и поранешен напаѓач на ПСВ се истакна на Светското првенство во Катар, постигнувајќи три гола на три натпревари.


„Тој е играч со голем потенцијал. Да имаше веќе постигнато 40 гола во Шпанија или на друго место, немаше да ни биде на располагање“, изјави Клоп на прес-конференција.


Клоп изјави и дека трансферот на Гакпо ќе влијае на остатокот од преодниот рок.


„Знаеме што сакаме да направиме и ќе видиме дали ќе успееме во тоа. Секако, прашање е на пари, но пред се е прашање да се најдат вистинските играчи и многу сме среќни што Коди дојде до нас“, изјави Клоп.


Покрај Ливерпул, за Гакпо се интересираше и Манчестер Јунајтед.


Според Клоп, Гакпо би можел да дебитира за Ливерпул на 7 јануари на натпреварот од ФА Купот против Вулверхемптон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови