
ТНС и Шкендија одиграа без голови (0-0) во првиот меч од квалификациите за Лигата на шампионите, што се одигра во Освестри, во близина на Велс.
Македонскиот првак влезе како благ фаворит, но домашниот тим беше поактивен на стартот и создаде две добри шанси. Прво, Вилсон со глава шутираше над голот, а потоа Холден се обиде од далечина, но ударот заврши во корнер по блокирање.
По десетина минути Шкендија го стабилизираше притисокот, а Тамба се закани со удар од далечина, но голманот на ТНС успешно интервенираше. Како течеше натпреварот, темпото се намали, следуваа неколку неточности на двете страни, но сепак се создадоа нови прилики. Најблиску до гол беше Шкендија преку Фитон Адеми, кој задоцни за секунда по одличен центаршут на Вебстер.
Во финишот на првото полувреме, домаќините останаа без Смит, кој поради повреда беше принуден да го напушти теренот.
Во второто полувреме, тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, реагираше со замена уште на пауза, вклучувајќи го ветеранот Бесарт Ибраими наместо Адеми.
Вториот дел започна идентично како и првиот – со притисок на ТНС и нова шанса за Вилсон, кој излезе сам пред голманот Гаје, но овој блескаво одбрани. Неколку минути подоцна, и ударот на Корнес беше одбранет од сигурниот чувар на мрежата на Шкендија.
До крајот немаше поголеми возбудувања, па двете екипи ќе го решаваат победникот во реваншот кој ќе се игра по седум дена во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?

Евро-фудбал
Шчешни останува во Барселона до 2027 година
