Connect with us

Габриел потпиша нов договор со Арсенал

Арсенал бележи победа по победа оваа сезона во сите натпреварувања. Единствениот пораз за „топчиите“ сезонава беше против Манчестер Јунајтед. Сега навивачите добија нова убава вест од клупското раководство.


Централниот дефанзивец Габриел Магалјаеш потпиша нов долгорочен договор со Арсенал. Договорот ќе има важнодт до 2027 година.

„Одлично е што успеавме да се договориме за нов договор со Габи. Тој е сè уште млад играч и е дел од нашиот проект за иднината. Неговите настап откако ни се приклучи во тимот беа фантастични”, сподели спортскиот директор на „топчиите“, Еду.

Изминатото летото, два клуба го сакаа Бразилецот, вклучувајќи го и Јувентус, но Арсенал навремено успеа да го „врзе“ Габриел.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови