Лихтенштајн не можеше да даде отпор на разиграната Македонија, која вечерва славеше убедлива победа од 5-0 во Скопје, а селекторот на гостите, Конрад Фунфстук, не криеше почит кон противникот.
„Честитки за Македонија. Одиграа фантастичен меч. Во првото полувреме бевме добро поставени, но голот на Елмас беше одличен. Знаевме дека тој ќе биде најголема закана за нашиот гол. Париравме до 70. минута, но потоа нашата игра падна, а Македонија тоа го искористи“, истакна Фунфстук.
Тренерот на Лихтенштајн потенцира дека македонската репрезентација има потенцијал да се пласира на завршницата на Мундијалот.
„Македонија има златна генерација. На секоја позиција има квалитетен играч и може да се спротивстави на секој ривал. Дури и нерешените резултати против Велс и Белгија покажаа дека ништо не е случајно. Тие дефинитивно имаат шанси да се пласираат на СП“, додаде Фунфстук.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













