
Арсенал постигна гол за победа преку Букајо Сака, но по реакција на ВАР собата беше досуден офсајд и „топчиите“ мораа да се задоволат само со бод во лондонската пресметка (1-1) против Фулам.
Раул Хименез во 11.минута донесе водство за Фулам, а израмни Вилијам Салиба во 52.минута. Но, победнички гол за Арсенал сепак изостана, па сега тимот на Микел Артета има шест бода помалку од лидерот Ливерпул, кој има и еден одигран натпревар помалку, одложеното дерби со Евертон.
Борнмут во финишот дојде до победа против Ипсвич на гости со 1-2, а Лестер со голот на Де Кордова-Реид стигна до реми 2-2 против Брајтон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
