
Фулам официјално го објави трансферот на Емил Смит Роу, кој е рекорден во историјата на клубот. „Котиџерите“ ќе платат првично 27 милиони фунти, плус седум милиони во форма на бонуси. 24-годишниот офанзивен играч од средниот ред, кој е производ на академијата на Арсенал, потпиша петгодишен договор со опција за продолжување за дополнителни 12 месеци.
Тој одигра само 346 минути во Премиер – лигата минатата сезона, откако поради повреда на коленото паузираше околу шест недели.
Смит Роу има три настапи за англиската репрезентација, последниот беше во март 2022 година.
„Конечно сум тука, затоа сум многу среќен. Ова е добар момент за мене и моето семејство. Навистина сум возбуден. Само сакав да бидам тука што е можно поскоро. Мислам дека ова е возбудлив проект за мене и дефинитивно е совршен чекор во мојата кариера“, изјави Смит Роу, кој ќе игра со дресот број „10“ во Фулам.
A Rowe along the Thames… 🚣 pic.twitter.com/fKMiur2ojB
— Fulham Football Club (@FulhamFC) August 2, 2024

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal