Македонската женска фудбалска репрезентација ја оствари првата победа во квалификациите за пласман на Светското првенство што во 2023 година се игра во Австралија и Нов Зеланд.
Избраничките на Кирил Изов славеа над Летонија во Рига и тоа со убедливи 4-1.
Капитенот Наташа Андонoва беше двоен стрелец во 28 и 63 минута (пенал), а прецизни исто така беа Рочи и Максути. Единствениот погодок за домаќинките беше дело на Баличева во 30 минута.
Следниот меч за сениорките е против Луксембург на 26 октомври во Охрид што е уште една добра прилика за добра партија и нови три бода.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski