
Женската фудбалска репрезентација на Македонија го заокружи настапот во Лигата на нации со реми против Летонија (1-1), освојувајќи го првиот бод во ова натпреварување, но останувајќи на последното место на табелата.
Избраничките на селекторот Андов немаа шанси за повисок пласман, па последниот натпревар беше борба за престиж и чест. И покрај тоа, македонските фудбалерки покажаа борбеност и успеаја да дојдат до резултат што влева надеж за иднината.
Македонија поведе уште во 16. минута, кога Ленче Андреевска маестрално ја проигра Симона Мејер, која ладнокрвно погоди за 0-1. Нашите девојки го држеа водството сè до 65. минута, кога несреќно загубена топка им овозможи на Летонките преку Севцова да израмнат на 1-1.
Клучна фигура за Македонија беше младата голманка Сара Вељановска, која со само 16 години забележа две важни одбрани и го спречи Летонија да направи целосен пресврт.
Шанса за победа имаше Илза Максути во 82. минута, кога излезе сама пред голот, но топката заврши крај дирекот.
Иако и овој циклус помина без победа, бодот против лидерот на групата Летонија може да биде мал чекор напред. Летонките во последното коло ќе се сретнат со Косово, додека Македонија го завршува своето учество во Лигата на нации.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
