Connect with us

Фудбалерките до 19 години го освоија првото место и обезбедија пласман во Лига А

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ја запиша третата победа на квалификацискиот турнир (Рунда 1, Група Б5) за Европското првенство на УЕФА, со што го потврди доминантното прво место и пласманот во следната фаза.

Избраничките на селекторот Кирил Изов на клучниот натпревар, одиграа нерешено против Словенија (1:1) и со тоа го задржаа првото место во групата, што им го донесе посакуваниот пласман во следната етапа од битката за место на Европското првенство.

Словенија поведе во 35. минута со голот на Шпела Гербец, но Македонија само пет минути подоцна израмни преку Грозданова.
Во првото коло нашите фудбалерки беа подобри од Грузија (3:0), а во второто славеа против Азербејџан (3:1).

Македонија до 19 години: 1. Комненова, 4. Крстева, 5. C Додевска (88` Каралиоска), 6. Коловска (61` Симјанова), 7. Грозданова, 8. Величкова, 9. Митковска (90` Ристевска), 10. Галабовска, 11. Попески (61` Боризоска), 15 Емини, 16. Панева; Селектор: Кирил Изов.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови