
Големите европски клубови се во сериозно долгови поради глобалната финансиска криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Цела година на фудбалските стадиони нема публика, трибините се празни, а тоа носи сериозни губитоци. Дел од клубовите се обидоа да формираат Суперлига, но УЕФА во корен ги исече во намерите.
Фудбалерите на Интер одлучија се солидаризираат со клубот. Тие ќе се откажат од договорените премии за освојување на шампионската титула во Серија А. Медиумите во Италија истакнуваат дека се работи за сума поголема од 10 милиони евра.
Директорот Бепе Марота изјави дека Интер дури 70% од буџетот одвојува за плати за професионалниот погон, а во периодот на пандемија е речиси неодржливо да се води голем европски клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal