Connect with us

Фудбалерите до 17 години загубија и од Луксембург

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години загуби со 3-2 од соодветната селекција на Луксембург во последниот натпревар од мини квалификацискиот турнир за пласман на Европско првенство што ќе се одржи во Унгарија 2023 година. Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ на тренинг центарот „Петар Милошевски” со нов пораз го заокружија овој квалификациски циклус.


Македонија одлично го започна натпреварот. Мухамед Елмас успеа да погоди уште во 4. минута и да и донесе предност на нашата селекција.

Противникот во период од четири минути успеа да направи комплетен пресврт. Израмнувачки гол постигна Бенслаиман во 36. минута. Голот за водство на Луксембург го постигна Федерспиел во 40. минута од средбата.

Во продолжението, Македонија го израмни резултатот. По асистенција на Ајетовиќ, Младеновски погоди за 2-2.

Сепак, во последните мигови од средбата, Федерспиел погоди за победа на Луксембург со 3-2.
Македонија: Хаџибулиќ, Мемиши, Љубевски, Стојковски, Велков, Димитријевски, Јовановиќ, Подграѓа, Елмас, Алиу, Алији;

Селектор: Вујадин Станојковиќ;

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови