
Фудбалската репрезентација на Македонија до 15 години загуби од Хрватска со 3-0 во првиот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје.
Драго Шкерго во 34. минута го отвори резултатот на денешната средба. Три минути подоцна, противникот преку Трајановски го зголеми своето водство. Најдобрата можност во првиот дел, Македонија ја имаше преку Спироски, кој одлично биеше од слободен удар, но голманот на Хрватска со одлична интервенција ја зачува својата мрежа.

Во продолжението, Спировски на два пати се закани по голот на Хрватска, но без реализација.Крстевски во 61. минута имаше одлична прилика, но голманот на Хрватска уште еднаш одлично интервенираше. Биланџиќ во 86. минута погоди за конечни 3-0.

МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА 3-0 (2-0)
Македонија: Димитар Петров, Михајло Павлов, Матеј Бочески (Џихан Ибрахими, Матеја Масев, Амар Акики (Илија Аксентиев), Лука Спироски (Медин Емини), Дардан Адеми (Огнен Сивевски), Павел Стојанов (Филип Наумовски), Марин Крстевски (Виган Таири), Адриан Велески (Кристијан Нелоски), Благојче Седлоски;
Селектор: Илами Исејни;


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Фудбалерите до 15 години поразени од Хрватска на првиот тест

Интернационалци
Елиф Елмас е во тимот на колото во Серија А (ФОТО)

Млади репрезентации
Станиќ го објави списокот за Македонија У-21
