Фудбалерите на Борац Чачак најавија дека ќе отпочнат штрајк со глад како последен обид за да им бидат исплатени долговите од клупското раководство. Тие неколку месеци се без финансиски примања, а добиле ветување од градоначалникот на Чачак, Милун Тодоровиќ, кој е и дел од раководството на фудбалскиот клуб.
Интересно е дека Борац Чачак и покрај трите неисплатени плати се наоѓа на петтото место на табелата во Првата лига на Србија со 26 бода. Претходната сезона, на идентичен начин фудбалерите на овој тим испратија последно предупредување до управата на клубот за да им бидат подмирени долговите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













