Левиот бек на Рома, Рикардо Калафјори беше збунет откако доби жолт картон, веднаш откако детето кое собира топки на стадионот на Ајакс намерно му ја фрли топката в лице.
Инцидентот се случи за време на судуското продолжение во Амстердам, кога Рома водеше со 2-1 во четвртфиналето на Лига Европа. Топката излезе од игра, а Калафјори тргна да изведе аут, но со цел да украде уште некоја важна секунда, се упати до рекламните табли каде што беа момчињата задолжени за собирање топка.
Така, наместо да му ја подаде топката на италијанскиот фудбалер, детето ја фрли топката директно во него со сета сила. Калафјори беше разбирливо изнервиран, а уште повеќе кога судијата му додели жолт картон поради задржување на играта.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski