Франческо Касата, играчот за врска на Џенова, откри дека Горан Пандев ќе игра уште една сезона во Серија А затоа што сака да каже конечно „збогум“ пред навивачите на Џенова.
„Дали тој е сè уште со нас? Тоа е она на што се надеваме сите“, рече играчот за „Скај Спорт“.
„Со него имам посебна врска, тој ми е како татко, феноменален е со совети за младите, тој е столб на тимот и се надеваме дека ќе можеме повторно да го прегрнеме“, изјави Касата.
Горан Пандев е на заслужен одмор по настапот на Европското првенство со Македонија, а потоа најверојатно ќе продолжи да игра уште една сезона.
„Горан рече дека засега размислува само за летниот одмор, но според она што го разбирам, би сакал да одигра уште една година за да ја заврши кариерата со навивачите“, дополни Касата.
Фановите на Џенова во Горан Пандев гледаат голем лидер, како и идол на помладите фудбалери. Тој дефинитивно е еден од најдобрите играчи што играле во Италија во последните 20 години.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski