
Македонскиот првак Шкендија вечерва (20 часот) го игра првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите и на Арената „Тодор Проески“ ќе го пречека романскиот шампион ФЦСБ (поранешна Стеауа). Јасно е дека според историјата и традицијата, ФЦСБ ја има фаворитската улога, но Романците сепак се внимателни во пресрет на вечерашниот дуел.
Жештината во Скопје, но и квалитетите на Бесарт Ибраими, кој е неверојатен голгетер, се оценети како фактори кои можат да бидат пресудни. Романците најавуваат дека ќе посветат посебно внимание на Ибраими, за кого имаат детална анализа дека може да реализира и од најмала шанса.
Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, верува дека неговиот тим ќе биде на висина на задачата.
„Нѐ очекува тежок натпревар против ФЦСБ, тим кој важи за фаворит. Направивме детална анализа – станува збор за сериозен состав со богата историја, поранешен освојувач на Лигата на шампионите.
ФЦСБ е европски фудбалски великан со огромна традиција, но и ние сме клуб со сопствена историја и вредности. Не можеме да се споредуваме со она што тие го постигнале, но ние сме Шкендија и ќе дадеме сѐ од себе да бидеме на ниво на задачата. Ова е натпревар со големо значење – секој следен натпревар за нас ќе биде натпревар за престиж. Нема да излеземе на терен само за да бидеме дел од спектаклот, туку да го извлечеме максимумот од нас самите. Дали тоа ќе биде доволно, останува да видиме“, изјави Беќири.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
