Френки де Јонг одлучи да остане во Барселона, тврди каталонскиот весник „Спорт“. Според медиумите, Холанѓанецот ќе прифати да ја намали платата и да остане на „Камп Ноу“. Играчот и неговиот агент се подготвени да започнат преговори за реструктуирање на неговиот договор. Клубот му должи 20 милиони евра за плата.
Желбата на Де Јонг отсекогаш била да остане на „Камп Ноу“. Сепак, Барселона ја прифати понудата од Манчестер Јунајтед за него, но играчот одби да се пресели во англискиот клуб. За него се интересираше и Челси.
Тренерот на каталонскиот клуб, Чави Хернандез немаше желба да се раздели со него, а единствена причина за неговото евентуално заминување беше финансиската состојба на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













