Голманот и капитен на француската фудбалска репрезентација, Хуго Лорис, поради повреда на бутниот мускул ќе ги пропушти претстојните натпревари во Лигата на нации. Француската фудбалска федерација денеска соопшти дека голманот на Тотенхем ќе ги пропушти дуелите со Австрија и со Данска. На негово место во тимот беше повикан голманот на Нант, Албан Лафон.
Дефанзивецот на Милан, Тео Хернандез, исто така ќе ги пропушти натпреварите. Него во тимот ќе го замени левиот бек на Астон Вила, Лукас Дињ.
Претходно се повредија Бубакар Камара и Адриен Рабио, а во тимот се приклучи Џордан Верету.
В четврток Франција на домашен терен игра против Австрија, а три дена подоцна во Копенхаген ќе се сретне со Данска.
Бранителот на светската титула се соочува со испаѓање во Лигата Б, бидејќи има два бода од четири натпревари во групата 1. Данска е прва со девет бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













