Фудбалската репрезентација на Франција остана без двајца важни играчи во пресрет на вечерашното финале од Лигата на нации против Шпанија. Откако Адриен Рабио „падна“ на тестот за коронавирус, вториот кој мора во изолација е стрелецот на победничкиот гол против Белгија, Тео Хернандез.
Адриен Рабио одигра 75 минути во полуфиналниот дуел со Белгија, а Хернандез целиот меч, но и двајцата ќе го пропуштат дуелот со Шпанците за трофејот.
Овие фудбалери ќе ги пропуштат натпреварите на своите тимови во Серија А следниот викенд, бидејќи мора да бидат во задолжителен карантин.
Франција и Шпанија ќе играат во големото финале во Лигата на нации вечерва во Милано.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













