Репрезентацијата на Франција би можела да добие огромно засилување за нокаут фазата од Светското првенство. Карим Бензема, носителот на „Златната топка“, се опоравил од повредата и би можел да се врати на Мундијалот во Катар, откриваат француските медиуми.
Од „РМЦ Спорт“ тврдат дека Бензема сепак би можел да се врати во Катар и да игра на Светското првенство доколку се опорави комплетно. Французинот веќе започнал со тренинзи и се верува дека предвреме би можел да им се врати на активностите на својот клуб Реал Мадрид.
Бидејќи Дешамп не повика замена за Бензема, тој се уште е дел од француската репрезентација и е именуван во ростерот за групната фаза. Сепак, конечната одлука за неговото повикување ќе ја донесат селекторот Дешамп и одговорните од Француската фудбалска федерација.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













