Францускиот интернационалец Франк Рибери ќе ја напушти Фиорентина по завршувањето на сезоната, а германските медиуми најавуваат дека се наоѓа пред сензационален камбек во Бундес-лигата. Долгогодишниот фудбалер на Баерн Минхен ја напушти Германија во 2019 година и започна италијанска одисеја, меѓутоа сега повторно е актуелно неговото враќање во Бундес-лигата.
Рибери има понуда од Ајнтрахт Франкфурт, да одигра една сезона во германскиот шампионат и потоа да ја заврши кариерата. Ајнтрахт и пред две години сакаше да го ангажира некогашниот најдобар европски фудбалер, но Рибери ја избра опцијата на Фиорентина затоа што му понуди двегодишен договор. Сега соработката би можела лесно да се оствари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













