
Франк Кеси најверојатно ја напушта Барселона и заминува во Саудиска Арабија. Играчот од средниот ред има две понуди од саудиски клубови и сака да си замине бидејќи е незадоволен од статусот кај тренерот Чави.
Кеси минатото лето пристигна во Барселона како слободен играч од Милан и одигра вкупно 1797 минути. Со доаѓањето на Илкај Гундоган ќе му биде намалена минутажата, а по разговорот со Чави реши да го напушти клубот.
„Мундо Депортиво“ пишува дека за него интерес покажале Ал-Наср и Ал-Хилал. Му нудат неколкукратно поголема плата од таа што ја има во Барселона, а каталонскиот клуб бара 20 милиони евра обештетување.
Саудијците во моментов нудат околу 15 милиони евра, но сите се убедени дека богатите саудиски клубови наскоро ќе се договорат со Барселона околу висината на обештетувањето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барселона без Левандовски на „Ел Класико“

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора

Евро-фудбал
Мбапе ја објасни разликата меѓу Реал и ПСЖ
