
Португалскиот тренер на Милан, Пауло Фонсека, изјави дека верува во својот тим пред градското дерби со Интер, иако е свесен дека на фудбалерите им е потребно уште време за да почнат да играат според неговите очекувања.
Фонсека е под големи критики и притисок поради разочарувачкиот старт на сезоната. Домашниот пораз од 1-3 против Ливерпул во вторникот во ЛШ ги засили овие чувства, а медиумите започнаа да се сомневаат во иднината на тренерот.
„Во моментот постои разочарување кај нас, но има и самодоверба дека ќе излеземе од оваа ситуација. Јас исто така им верувам на момците и им велам дека треба да бидат како Ливерпул“, изјави Фонсека.
„Последните неколку дена работевме фантастично. Многу квалитетни фудбалери пристигнаа во тимот за време на трансфер периодот. Тука имаме лидери, но ни треба уште време за да станеме навистина силни. Потребно ни е време, но не барам изговори, верувајте“, истакна Португалецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski