Тренерот на Лион, Пауло Фонсека, го анализираше драматичниот пораз од Манчестер Јунајтед со 4-5 на „Олд Трафорд“, натпревар кој изобилуваше со емоции, пресврти и незаборавна атмосфера. Иако неговиот тим се најде на чекор до историски триумф, играјќи со играч помалку, „црвените ѓаволи“ направија спектакуларен пресврт во самиот финиш од натпреварот.
„Мислевме дека сè е решено. Особено со играч помалку, кога Манчестер Јунајтед доби пенал, изгубивме емоционален баланс. Почнаа со нафрлувања и стана многу тешко да се контролира играта. Искрено, сметам дека Лион заслужи повеќе, не само сега, туку и во првиот натпревар. Но, победникот оди понатаму. Честитки за Рубен Аморим и за Манчестер Јунајтед“, изјави Фонсека со спортска култура.
Фонсека ја искористи приликата да го пренасочи фокусот кон националниот шампионат, каде Лион се наоѓа во трка за место што води во Лигата на шампионите.
„Сакавме да стигнеме до финалето, и покажавме дека тоа беше реална можност, дури и против екипа како Манчестер Јунајтед. Но, сега мора да се фокусираме на завршницата од сезоната во Лига 1. Се наоѓаме во солидна позиција, но имаме уште шест натпревари. Одигравме исцрпувачки 120 минути, а веќе за два дена нè очекува ново дерби. Ќе направиме сè да ги рехабилитираме играчите и да продолжиме по нашиот пат. Важно е што покажавме квалитет и карактер, и верувам дека можеме да ги оствариме нашите цели“, заклучи португалскиот стратег.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ













