Четворица поранешни функционери на Јувентус, меѓу кои Андреа Ањели (поранешен претседател) и добитникот на „Златната топка“ Павел Недвед (поранешен потпретседател), добија санкции од над една година затвор поради финансиски злоупотреби извршени за време на нивното управување со торинскиот гигант. Сепак, тие нема да завршат зад решетки, бидејќи казните им се условни. Другите двајца се Фабио Паратичи (поранешен спортски директор) и Чезаре Габасио (поранешен главен правен директор). Сите тие признаа вина и склучија спогодба со обвинителството.
Ањели е осуден на една година и осум месеци, Недвед – на една година и два месеци, а Паратичи и Габасио на по една година и шест месеци.
Во исто време, Стефано Черато (поранешен главен финансиски директор), Марко Ре (поранешен главен финансиски директор до јули 2020) и Стефано Бертола (поранешен главен оперативен директор) добија по една година затвор, која е претворена во парична казна. За поранешниот извршен директор Маурицио Аривабене беше потврдено запирање на постапката. На клубот му е изречена глоба од 156.750 евра.
Споменатите лица се отстранети од фудбалот поради фалсификување на финансиски извештаи и неправилности во работењето, поради што драстично беше казнет и самиот Јувентус, кому му беа одземени 15 бодови на крајот на сезоната 2022/23. Изречените забрани варираат од шест до 30 месеци. Ова е дел од процесот „Призма“.
Обвиненијата вклучуваа манипулација на пазарот, лажни корпоративни соопштенија на јавно тргувани компании, измамна декларација и попречување на надзорните органи.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Шпанците се први финалисти на Мундијалот (ВИДЕО)













