Наполи продолжи со одличниот старт на сезоната во Серија А, откако на „Диего Армандо Марадона“ го совлада Пиза со 3-2 и ја запиша четвртата победа во низа, за максимални 12 бода.
Елиф Елмас беше дел од стартната постава и одигра 60 минути. Иако Наполи беше доминантен, на крајот тимот на Антонио Конте мораше да се потпира на одбраните на Алекс Мерет за да ја сочува победата.
Били Гилмор го отвори резултатот во 39. минута, откако претходно погодок на Елмас беше поништен поради офсајд на Расмус Хојлунд. Нзола од пенал израмни во 59. минута, но Леонардо Спинацола со прекрасен гол во 73. повторно донесе водство за Наполи. Лоренцо Лука во 83. минута зголеми на 3-1, но Лоран во 90. повторно внесе драма. Сепак, и покрај долготрајното судиско надополнување, Наполи успеа да ја задржи предноста и да го запише целиот плен.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













