Англискиот првак Ливерпул има намера во зимскиот преоден рок да го доведе дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо (26), кој може да игра и како стопер и како десен бек. Уругвајскиот репрезентативец во јануари оваа година го продолжи договорот со Барселона до јуни 2031. Бидејќи повеќе не е стандарден првотимец, промена на средината би можела да му одговара и нему, и на Барса, пишуваат шпанските медиуми.
Ливерпул е подготвен да понуди 50 милиони евра обештетување за Араухо, сума што би му била добредојдена на каталонскиот клуб кој сè уште има финансиски проблеми.
Араухо најголемиот дел од есенскиот дел од минатата сезона го пропушти поради повреда, а по враќањето на теренот веќе не беше стандарден стартер. Ситуацијата не се поправи ниту во новата сезона – тренерот Ханси Флик го остави на клупа во последните три првенствени натпревари.
Ливерпул ќе има потреба од нов стопер, бидејќи на крајот на сезоната најверојатно ќе остане без францускиот репрезентативец Ибрахима Конате. Според британските медиуми, тој одбил да го продолжи договорот кој му истекува во јуни следната година и наводно веќе има усмен договор со Реал Мадрид.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













