Connect with us

Фофана го повреди коленото

Дефанзивецот на Челси, Весли Фофана заработи нова повреда на коленото поради која ќе мора да паузира во следните три до четири седмици, пренесуваат британските медиуми. Тој се повредил при победата на сините од 5-1 против Брентфорд на вчерашниот пријателски натпревар.


Во август, 22-годишниот Весли Фофана се пресели од Лестер во Челси за речиси 70 милиони фунти, но оттогаш забележа само четири настапи во сите натпреварувања.

Французинот остана во кампот на Челси за време на Светското првенство во Катар, откако беше изоставен од тимот на „триколорите“ поради повредата здобиена пред два месеци.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови