Connect with us

Флорентино Перез бара Роналдо јавно да каже дека сака назад во Реал Мадрид

Португалскиот ас Кристијано Роналдо е на крстопат, медиумите на Апенините открија дека Јувентус е подготвен да го продаде за 25 милиони евра претстојното лето иако Павел Недвед изјави дека и тој и тренерот Андреа Пирло ќе останат во Торино. Се шпекулира со враќање на Роналдо во Реал Мадрид, но претседателот Флорентино Перез сака и јавно да слушне од Португалецот дека размислува за враќање на „Сантијаго Бернабеу“.

Тоа би било и еден вид извинување на Роналдо и покајување за начинот на кој го напушти Реал Мадрид и одлучи да се пресели во Јувентус.

Што се однесува до останувањето во италијанскиот клуб, и тука Роналдо има свои барања. Во разговорите со раководството на Јувентус потенцирал дека на тимот му е потребен нов квалитетен напаѓач, како и неколку други засилувања, посебно во средниот ред.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови