Connect with us

Флоренци денеска потпишува за Милан

Алесандро Флоренци веќе може да се смета за нов фудбалер на Милан откако клубовите ги договорија сите услови. Тој на напушта Рома и се сели во Милано. Искусниот „универзалец“ ќе им се приклучи на „росонерите“ на позајмица за еден милион евра, а миланскиот клуб ќе може да го откупи неговиот договор за 4,5 милиони евра.


Флоренци ќе пристигне на медицински прегледи во текот на денешниот ден, по што ќе следи потпис на договорот. Прашање е дали тој ќе има право на настап во првото коло на гостувањето кај Сампдорија.

Рома ја напушти и Педро Родригез, кој потпиша за градскиот ривал Лацио.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови