Connect with us

Флорентино Перез создава непобедлив тим: Следното лето уште три ѕвезди доаѓаат во Реал Мадрид

Флорентино Перез создава супер-тим во Мадрид. „Кралевите“ и сега имаат навистина одличен тим, но за следното лето се најавува доаѓање на уште неколку големи ѕвезди и ќе се обидат да направат непобедлив состав.

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез ќе остане запаметен како еден од најголемите спортски работници во историјата. Без никакво сомневање, стадионот на Реал во иднина би можел да го носи неговото име бидејќи се работи за човекот кој неколкупати создаде неверојатни моќни тимови, таканаречени „галактикоси“.

Флорентино Перез нема намера да запре тука. Иако има 77 години, тој е подготвен за уште еден мандат на претседателската функција, а тоа ќе го прослави со доведување уште неколку ѕвезди.

Тој е подготвен да додаде тројца феноменални играчи на сегашниот состав на Реал. Тоа се Трент Александер-Арнолд на десната бековска позиција, Алфонсо Дејвис на левата страна и феноменалниот Родри во средниот ред. За ова ќе потроши околу 250 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови